САД: Потврдено дека приведената Афроамериканка извршила самоубиство во притвор

Американското обвинителство соопшти дека 28-годишната Сандра Бленд, чија смрт во затворот предизвика големи контроверзи, извршила самоубиство, што е потврдено со обдукцијата.
Како што јавуваат американските медиуми, Бленд на 13 јули беше пронајдена обесена во затворската ќелија, три дена по апсењето заради помал сообраќаен прекршок, а нејзиното семејство се сомнева дека таа навистина извршила самоубиство.
Семејството под прашање го доведе првиот заклучок дека таа сторила самоубиство, наведувајќи дека била среќна што почнала да работи на ново работно место и дека немала причина да крене рака врз себе.
Семејството на Бленд побара отворање сојузна истрага, а наложена е и независна аутопсија, пренесоа француските медиуми.
Полицаецот Брајан Енсинија, кој ја уапсил, е суспендирана заради кршење на полициската процедура при апсење.
Во САД веќе подлго време се води жестока дебата за односот на безбедносните сили кон Афроамериканците, како и за претерано агресивните акции на полицијата.
Ново на Сител
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
