САД побараа почести контроли на иранската нуклеарна програма

САД побараа од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги засили инспекциите во Иран, за да се утврди дали Исламската Република го спроведува договорот потпишан во 2015 година за суспензија на својата нуклеарна програма.
Барањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп силно го критикуваше Договорот во својот говор пред Генералното Собрание на Обединетите нации, и навести дека е можно поништување на договорот.
- За нуклеарниот договор да има било каков смисол, потписничките треба да имаат заедничко разбирање за неговите услови, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли.
Според договорот, САД и Европската Унија се согласија за укинување на сериозни економски санкции против Иран, а Иранците се обврзаа дека ќе ја запрат програмата за развој на нуклеарна енергија која може да доведе до нивно располагање со атомска бомба. Иранците се обврзаа дека ќе дозволат проверки на нивните нуклерни постројки од страна на МААЕ.
Амбасадорката Хејли обвини дека некои земји се обидуваат да го одбегнат вршењето почести инспекции на иранските нуклеарни постројки. Се претпоставува дека Хејли тука мисли на Русија, која му обезбеди значителна помош на Иран во развојот на програмата.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
