САД планираат оваа есен да почнат со обука на украински војници

САД планираат оваа есен да започнат со обука на украински војници, откако заврши првата програма за подготовка на безбедносни сили на украинското Министерство за внатрешни работи, изјави синоќа во Вашингтон генерал Бен Хоџис, командант на американските копнени сили во Европа.
- До 15 ноември ќе ја завршиме обуката на три баталјони на украинското МВР во базата Јаворив во западниот дел на Украина. Потоа планираме да започнеме обука на силите на украинското Министерство за одбрана, но се уште не е донесена конечна одлука, истакна генералот на прес-конференција во Пентагон.
Обуката ќе се состои од тактички вештини, техники за заштита на животот на војниците и операции во многу тешки услови.
Одлуката за ова прашање ќе се донесе преку договор со европските сојузници на САД во НАТО.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
