САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари
САД синоќа објавија нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари.
Во новиот пакет се вклучени и ракети со дострел до 300 километри, што е двапати повеќе во споредба со истиот тип оружје снабдено во октомври.
-Новиот значаен пакет оружје и воена техника треба да го подржи храбриот украински народ за заштита на својата земја од руската агресија.
Соединетите Држави и коалицијата продолжуваат да стојат на страната на Украина за заштита на нејзината слобода, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.
Ова е веќе трета транша помош за Украина од 24 април кога претседателот на САД Џо Бајден го потпиша законот за доделаување воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.
Истиот ден Пентагон соопшти за испраќање на Киев пакет воена помош од една милијарда долари во кој меѓуругото се вклучени ракетните артилериски системи HIMARS, оклопните транспортери Bradley, високопрецизни ракети за авијација и друго оружје.
Ново на Сител
-

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиничката болница во Битола
-

Промоција на нови полициски службеници од генерација 2025/2026 година
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
