САД и Израел заедно против кибер нападите
– Американското Министерство за финансии соопшти дека заедно со Израел ќе се бори против хакерските напади, при кои се бара откуп во криптовалути, а двете земји ќе формираат заедничка работна група за борба против кибер напади.
Соопштението доаѓа по виртуелниот состанок во врска со кибер нападите одржан во Белата куќа во октомври, на кој учествуваа Европската унија и повеќе од 30 земји, вклучително и Израел.
Американскиот заменик-секретар за финансии Воли Адејемо тогаш побара меѓународна соработка за решавање на злоупотребата на виртуелната валута. Партнерството следи по преземените мерки за намалување на хакерските напади кои погодија неколку големи американски компании, вклучително и нападот врз најголемиот гасовод во САД, по што земјата неколку дена беше во проблеми со испораките на нафтени деривати.
Ново на Сител
-

Почнува процесот за враќање на солидарниот данок, компаниите дo УЈП треба да поднесат барање
-

Работни места што ќе исчезнат- и оние што ќе процветаат во 2026 година
-

Зеленски по повод четири години од почетокот на војната во Украина: Путин не ги постигна своите воени цели
-

Приведен криумчар на мигранти од Турција, пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир
-

Поради одрон сообраќајот на дел од патот Катланово-Велес се одвива по една лента
-

Отстранети 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје за една недела
-

Најстудено во Берово, на Попова Шапка 90 сантиметри снег
-

Австралија ќе започне истрага за антисемитизам по нападот на плажата Бондај
