-->
-->
САД: Хамас се обврза да ослободи уште 20 лица во текот на два дена
-->

САД потврдија дека Израел и Газа се согласиле да го продолжат договорот за примирје – при што портпаролот за национална безбедност Џон Кирби рече дека Хамас „се обврзал да ослободи уште 20 жени и деца во следните два дена“.
Како што пренесе Би-Би-Си, Кирби процени дека осум до девет од преостанатите заложници се Американци и рече дека се надева оти Американците ќе бидат меѓу ослободените подоцна денеска.
Тој рече дека спорот околу денешните очекувани ослободувања е околу тоа „дали две мајки би можеле да излезат со своите деца“, но, според него, сега „изгледа дека тоа е решено“.
Досега е ослободена само една американско-израелска државјанка, четиригодишната Авигејл Ајдан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
