САД ги укинаа санкциите против Додик

Министерството за финансии на САД ги укина санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, неговото семејство и неговите фирми, како и за голем број негови соработници.
Санкциите се укинати и за српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.
Американското Министерство за финансии на 17 октомври ги укина санкциите за четворица соработници на Додик, кои беа на црната листа поради промоција на неуставниот „Ден на РС“.
Според неофицијални извори укинувањето на санкциите се дел од договорот помеѓу САД и Додик – по правосилната пресуда тој да се повлече од функцијата претседател на РС и да се именува вршител на должноста. Ана Тришиќ-Бабиќ е избрана за вршител на должноста претседател на РС.
МИА
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Поднесено обвинение за поранешната директорка на прилепската болница и тројца вработени
-

Доброволно ПП друштво против пожарите во Општина Карбинци
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
