САД донираше опрема за спасување од поплави за ДЗС

Донација вредна 30 илјади долари која се состои од материјално технички средства и опрема денеска прими Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Амбасадата на САД во Македонија.
Директорот на Дирекцијата Шабан Салиу рече дека со овие материјални технички срества и опрема го дополнуваат целиот систем на заштита и спасување кој ДЗС претходно го примила од повеќе држави од Европа.
- Со овие технички средства и опрема се зголемува оперативната можност на Дирекцијата односно тимовите за заштита од поплави како и ефикасноста во справувањето при евентулани поплави во нашата држава, истакна Салиу.
Шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Полковник Џефри Ван Сикл рече дека по поплавите во август минатата година, а по барање на македонската влада, тие заедно со ДЗС сотавиле список за најпотребни работи за да се помогне при спасување на човечки животи од потенцијални поплави.
- Нашата цел е да им помогнеме на спасувачките екипи од ДЗС во нивната важна мисија да одговорат на предизвиците предизвикани од поплави и други природни непогоди низ македонија, истакна Ван Сикл.
Опремата се сотои од 57 водоотпорни одела, 55 пара водоотпорни високи гумени чизми, 25 заштитни маски со филтер, 40 челни ламби со вградени батерии и 35 рефлектори.
Ново на Сител
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
-

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа
-

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
-

Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци
-

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата
-

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски
-

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај
-

Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени
