Сабев: Многу сме блиску до постигнување договор за дозволи за превозници од Бугарија и Северна Македонија
Бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев на учесниците во работната група им порача дека е постигнат многу сериозен напредок во областа на транспортот меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Има три теми на кои работи транспортната група, рече Сабев, а утре во Скопје ќе се разговара за авиолинијата меѓу двете соседни земји. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев соопшти дека во Софија се одржува Мешовитата комисија за меѓународен транспорт.
Експертите се многу блиску до постигнување целосна либерализација на дозволите за патен транспорт за македонските и бугарските превозници. Ние, рече Сабев, ќе работиме на заеднички пазар.
Сабев и неговиот македонски колега Благој Бочварски ќе ја разгледаат можноста заедно со албанскиот министер за транспорт да побаараат од Европската комисија Коридорот 8 да се вклучи во европскиот проект Западен Балкан, преку кој ќе се обезбедат финансиски средства железницата и автопатите.
Има план за поповолни тарифи за роаминг, што се темелат на Меморандум од 2017 година од Владите на Бугарија и Северна Македонија, за да може да паднат економските граници и луѓето да можат побрзо да донесуваат одлуки за работа, патување или одмор во Бугарија или Северна Македонија.
Во бугарската делегација предводена од министерот Сабев која утре, заедно со македонската делегација предводена од министерот Бочварски, ќе допатува во Северна Македонија со авион од Софија, ќе има инвеститори од најголемите летувалишта во Бугарија, како и сериозни туроператори.
Во Скопје, тие ќе се сретнат со туроператори од Северна Македонија и ќе разработат туристички пакети за Македонците и Бугарите да можат брзо да патуваат и да ги користат одморалиштата од двете страни за економска смисла на авиолинијата Софија-Скопје.
Ново на Сител
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
