-->
-->
Руското Министерство за одбрана одрече дека средба за Сирија во Астана е одложена за еден ден
-->

Руското Министерство за одбрана негира дека средбата за Сирија во Астана е одложена за еден ден, јави ТАСС.
- Преговорите ќе се спроведат, како што е планирано денеска и утре. Нема никакви паузи и одложувања, изјави висок претставник на руското Министерство за одбрана.
Тој објасни дека денеска ќе бидат одржани работните средби во двостран формат, во текот на кои ќе бидат допрецизирани позициите, а утре ќе се спроведе пленарна седница со учество на сите делегации, на која може да биде донесен заклучната декларација.
Претходно казахстанското Министерство за надворешни работи соопшти дека преговорите во Астана, што беа предвидени за денеска, се одложени за утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
