Руското Министерство за одбрана демантира дека ја гаѓале црквата „Преображение“ во Одеса
Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли тврдењата дека цел на нападот во Одеса била историската православна катедрала, која е делумно уништена во ракетниот напад од ноќеска, пренесе Хина.
„Информациите што ги пренесе режимот во Киев за резултатот од употребата на прецизно оружје врз црквата „Преображение“ во градот Одеса не се точни“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Тие соопштија дека ги планирале нападите „врз основа на внимателно проверени и потврдени информации преку неколку канали, намерно исклучувајќи го гаѓањето цивилни објекти во кои се наоѓаат цивили, како и на објекти од културно и историско наследство“.
Најмалку едно лице загина како резултат на нападот, додека 22 цивили, меѓу кои три деца, се повредени во синоќешниот напад на Одеса.
Според последните информации, едно рането седумнаесетгодишно момче е во тешка состојба на интензивна нега.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
