Руските власти ги обвинија украинските разузнавачки служби за убиството на Дугина

Руската контраразузнавачка агенција денеска ги обвини украинските разузнавачки служби дека го организирале убиството на ќерката на рускиот националистички идеолог Александар Дугин.
Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека убиството на Дарија Дугина, која загина во експлозија на автомобил во саботата вечерта, е „подготвено и извршено од украинските специјални служби”.
Руската контраразузнавачка агенција соопшти дека убиството на Дугина го извршила украинската државјанка Наталија Вовк, која потоа заминала од Русија во Естонија. Според руското разузнавање, Вовк имала изнајмено стан во зградата во која живеела Дугина и ја следела.
Според ФСБ, Вовк пристигнала во Русија на 23 јули со својата ќерка, со која заедно биле на националистички собори на кои присуствувале и Александар Дугин и Дарија Дугина.
Александар Дугин е руски националистички идеолог кого на Запад го сметаат дека е еден од „мозоците” на рускиот претседател Владимир Путин.
Киев отфрли вмешаност во убиството на новинарката и полотикологот Дугина, која силно ја поддржуваше руската инвазија на Украина.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
