Руската музика ќе биде забранета во Украина
– Музиката на уметници со руско државјанство ќе биде забранета во јавност во Украина, откако мерката денеска беше усвоена со двотретинско мнозинство во Горниот дом на парламентот, изјави пратеникот Јарослав Железњак преку апликацијата Телеграм.
Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“.
Руската музика може да помогне да се направи усвојувањето на рускиот идентитет попривлечно и да се ослаби украинската држава, се вели во текстот.
Исклучок ќе бидат само уметниците кои јавно ја осудија руската инвазија на Украина, а тајната служба СБУ ќе состави посебна листа на исклучоци.
Паралелно, забранет е увоз и дистрибуција на книги и други печатени материјали од Русија, Белорусија и териториите окупирани од Русија.
Увозот на книги од Русија е забранет од 2016 година.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
