-->
-->
Русија: Следниот генерален секретар на ОН треба да биде од Источна Европа
-->

Следниот генерален секретар на ОН, за првпат во историјата на Светската организација, треба да биде претставник на источноевропскиот регион, изјави во интервју за ТАСС рускиот постојан претставник во ОН Виталиј Чуркин.
- Групата на источноевропски земји, во која влегува и Русија, сразмерно не е голема, со 27 или 28 држави. Во азиската група, на пример, има над 50 земји, посочи тој.
Според Чуркин, „веќе има неколку добри источноевропски кандидати“ за највисоката позиција во ОН.
- Сметам дека тоа се многу достонствени луѓе, кои можат да ја предводат организацијата. Меѓу нив има и жена - Ирина Бокова. Според најавите мислам дека ќе се појават и други жени кандидатки. Така што, мислам, дека на крајот сите ќе бидат задоволни, изјави Чуркин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
