Русија прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“
Руското Министерство за надворешни работи прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“, кои ќе треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.
Властите во Москва денеска, исто така, донесоа одлука да се затвори Генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург и да прекине функционирањето на Британскиот совет во Русија.
Претходно, британскиот амбасадор во Русија Лори Бристоу беше повикан на разговор во руското МНР, со цел да биде информиран за соодветните мерки на Русија по протерувањето на 23 руски дипломати од Велика Британија во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, за што Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења.
Бристоу изјави денеска дека труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија претставува напад врз меѓународните вредности.
- Секогаш ќе направиме се што е потребно за себе си, своите сојузници и нашите вредности да ги одбраниме од вакви напади. Тоа не е напад само врз Велика Британија, туку и врз меѓународниот основен систем на правила од кој сите земји, вклучувајќи ја и Русија, зависат во врска со својата безбедност, истакна Бристоу по состанокот во руското МНР.
Според него, „оваа криза почнала како резултат на ужасниот напад во Велика Британија, планираното убиство на две лица со употреба на хемиско оружје произведено во Русија и непријавено во Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје, што Москва морала да го направи според Конвенцијата за хемиско оружје“.
Освен тоа, Русија има право да преземе и други мерки против Лондон, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
