Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори

Русија, еден од најголемите корисници на нуклеарна енергија, сака значително да го зголеми својот капацитет, јави ДПА.
Претседателот Владимир Путин постави цел во следните две децении Русија да се зголеми уделот на нуклеарната енергија во вкупното производство од сегашното ниво од малку помалку од 20 отсто на 25 отсто, пренесува германската агенција.
Планот денеска го објави Алексеј Лихачев, првиот човек на компанијата за нуклеарна енергија „Росатом“, на конференцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена.
Лихачев рече дека планот е да се изградат уште 38 големи, средни и мали реакторски единици, објавија првично руските медиуми, пренесени од ДПА.
Со ова приближно двојно би се зголемил бројот на реакторски единици што моментално работат во Русија.
Податоците на МААЕ покажуваат дека уште пет големи единици се веќе во изградба во Русија. Покрај тоа, Русија ја изгради својата прва пловечка нуклеарна централа, која го снабдува северниот сибирски град Певек од 2022 година.
Руските трупи од 2022 година ја држат под окупација украинската нуклеарна централа „Запорожје“, која, со седум реактори, е најголемиот нуклеарен објект во Европа, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
