-->
-->
Русија најави голема хуманитана акција во Алепо
-->

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека неговата земја и сириските власти денеска ќе отпочнат „обемна хуманитарна операција“ во градот Алепо, со цел да им се помогне на „граѓаните кои станаа заложници на терористите“.
- Руската и сириската војска поставија три коридори, преку кои цивилте ќе можат безбедно да го напуштат градот. Операцијата се изведува во согласност со наредбите на рускиот претседател Владимир Путин. Ги повикуваме и меѓународните организации да се приклучат, нагласи Шојгу.
Како што јави ТАСС, според рускиот министер, предвидено е да биде отворен и четврти коридор, наменет за екстремистите кои ќе сакаат да го положат оружјето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО-ГОКК: Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
