Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети

Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека двапати ја нападна енергетската инфраструктура во изминатите 24 часа, јави Скај Њуз.
Се наведува дека снабдувањето со електрична енергија на домаќинствата во две населби во областа Токмаковски е прекинато, додека повеќе од 1.200 се без струја во областа Грајворонски.
-Без оглед на неговите јавни изјави за поддршката за руско-американските договори за етапно решавање на конфликтот во Украина, режимот во Киев продолжува еднострано да ги удира руските енергетски капацитети на дневна основа, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Украина рече дека Русија продолжува да ги оштетува украинските енергетски капацитети откако договорот за ненапаѓање на таквите објекти беше постигнат во разговорите во Саудиска Арабија.
Андриј Сибиха додаде дека рускиот напад оштетил енергетска постројка во градот Херсон во Украина, прекинувајќи ја струјата на 45.000 жители.
Минатата недела двете страни меѓусебно се обвинија за напад на мерна станица за гас во Суџа.
Москва го обвини Киев за „двоен напад“, додека украинскиот функционер за национална безбедност рече дека Русија „повторно го нападна системот за пренос на гас Суџа“ кој „не го контролира“.
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
