Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за сопствена заштита на САД пред „неминовна закана“.
– Апсолутно постоеше неминовна закана, а неминовната закана беше тоа што знаевме дека ако Иран биде нападнат, а верувавме дека ќе биде нападнат, тие веднаш ќе тргнат по нас – рече Рубио пред новинарите во Вашингтон.
САД не сакаа да стојат со скрстени раце и да примат удар пред самите да возвратат, додаде тој.
– Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не тргнеме превентивно по нив пред тие да ги почнат тие напади, ќе претрпиме поголеми жртви-, рече Рубио, додавајќи: „Ова мораше да се случи, без разлика на сè“, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
