РСБСП: Лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица
Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во периодот од 2010 до 2020 година најмногу жртви на патиштата имало во 2013, а најмалку во 2020 година. Ова, велат од РСБСП, значи дека безбедноста на сообраќајот на патиштата во Македонија бележи тренд на подобрување. Според податоците на Советот, лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица.
-Ако се земе во предвид фактот дека во периодот од 2002 до 2020 година бројот на возила во државата се зголеми за повеќе од двојно и од 250 000 регистрирани возила, бројката на возила се зголеми на околу 550 000 регистрирани возила, а бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во 2002 година изнесувал 176 , а во 2020 – 125 загинати лица, тогаш може да се заклучи дека безбедноста во патниот сообраќај бележи тренд на подобрување, но сепак се уште не е постигнато посакуваното ниво на безбедност на патниот сообраќај, се вели во соопштението од РСБСП.
Ако се тргне од претпоставка дека Македонија има 2.000.000 жители, велат од РСБСП, тоа значи дека во земјава лани имало 6.25 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители.
-Просекот на земјите членки на Европската унија е 5 загинати лица на 100.000 жители. Притоа важно е да се напомене дека, со исклучок на скандинавските земји кои имаат по 3 загинати лица на 100.000 жители, голем дел од земјите членки на унијата имаат исто или слично ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата како Република Македонија, а некои дури се и понебезбедни. Ако како индикатор се земе бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители, со исклучок на Словенија, која покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај, Република Македонија покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај во однос на сите останати земји во регионот, стои во соопштението.
Статистиката со која располага РСБСП, покажува дека од загинатите 125 лица, 57 загинале во населено место и 68 надвор од населено место. Од загинатите, 20 се пешаци, 18 се мотоциклисти, 5 велосипедисти, 6 возачи на трактор, итн. Според возраста, најмногу- 41 лице, се на возраст од 41-54 години, три лица на возраст до 14 години и седум лица на возраст од 15 до 19 години…
По месеци, најмногу загинати има во август – 19 и јули – 17, а најмалку во март – пет загинати лица во сообраќајни незгоди. Недела со 28 и Сабота со 21 жртва се најнебезбедни денови, а вторник со 13 жртви е најбезбеден ден. Најкритичен во 2020 година се покажал периодот од 13.00 до 14.00 часот, период во кој загинале 12 лица лица во сообраќајни незгоди.
-Секој загубен човечки живот во сообраќајна незгода е огромна загуба за семејството и општеството, затоа РСБСП со апел до сите учесници во сообраќајот: Уживајте во убавините на животот и не дозволувајте да бидете дел од црната статистика. Вие, односно Вашиот живот, не е обична бројка. Бидете внимателни и одговорни во сообраќајот и бидете позитивен пример за сите останати учесници во сообраќајот, велат од РСБСП.
Според статистиката на СЗО годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди.
Ново на Сител
-

Втор ден од конференцијата посветена на европската иднина на Западен Балкан во организација на Паневропската Унија на Македонија
-

Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
