Рот на средба со Османи

Државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, денеска ќе има средба со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.
На средбата ќе стане збор за подготовките за процесот на скрининг, актуелните политички случувања во контекст на подготовката на претстојниот референдум во однос на Договорот со Грција, како и останати теми поврзани со европските интеграции на Република Македонија, информираат од кабинетот на Османи.
Средбата ќе се одржи во просториите на Секретаријатот за европски прашања.
Германскиот министер Рот вчера по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров порача дека Македонија направи историски чекор е направен кон НАТО и ЕУ, и оти би било трагично ако тој пат се попречи.
- Без решение за спорот за името нема конкретна перспектива за ЕУ и за НАТО. Сега е направен исчекор на тој пат. Ова е голем успех, историски пробив и би било трагично ако кон натамошниот пат кон ЕУ биде попречен, ако не постои подготвеност во оваа земја во однос на прашањто на ЕУ, Уставот, изборното право. Треба да постои конструктивна соработка. Владата носи посебна одговорност за сето ова, но и опозицијата носи одговорност, порача државниот министер надлежен за Европа во Министерство за надворешни работи на Германија Михаел Рот.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
