-->
-->
Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-->

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, им се обрати на навивачите пред првиот настап на Светското првенство 2026.
Вечер од 19 часот Португалија ќе игра против Демократска Република Конго.
-Секој пат кога ќе го облечеме овој дрес, чувствуваме иста гордост, иста страст и исто чувство на одговорност како на првиот ден. Започнува ново поглавје. Работевме напорно за да стигнеме до оваа точка, а сега е време да дадеме сè за нашата земја и сите португалски заедници кои нè поддржуваат тука и низ целиот свет. Верувајте како што веруваме и ние! – објави Роналдо на своите социјални мрежи.
Во групната фаза на Светското првенство 2026 година, Португалија ќе се соочи и со Узбекистан (23 јуни) и Колумбија (28 јуни).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
