Фудбал
6. August 2015 - 12:40

Ривер Плата шампион на Јужна Америка

По безмалку две децении, екипата на Ривер Плата повторно стана шампион на Јужна Америка, откако рано утрово во финалето на Копа Либертадорес го победи Тигрес од Мексико  со убедливи 3:0.
 
На првиот дуел одигран во Мексико беше 0:0, па со вкупни 3:0 Аргентинците стигнаа до престижната титула.
 
Стрелци на головите беа Лукас Аларио, Карлос Санчез (пенал) и Рожелио Фунес.
 
Со овој триумф, Ривер Плата покрај што по третпат стана шампион на Јужна Америка, се избори и за учество на Клупското светско првенство.