-->
-->
Реновирани 20 детски игралишта во Кочани
-->

По направениот увид во севкупната состојба со детските игралишта во повеќе делови од градот и населени места во општината, како и на повеќенаменското игралиште во дворот на гимназијата, општина Кочани се зафати за нивно реновирање и отстранување на уништените делови од опремата.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски при денешната посета на детските игралишта информираше за активностите што ги презела општината на планот на нивно ставање повторно во функција за потребите на најмладите сограѓани.
- Оваа акција ја спроведовме во рамките на денот на пролетта. Кај 20 детски игралишта и забавни поаркови беше констатирано уништување на опремата. Во соработка со Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ја обновивме опремата и ги преуредивме детските игралишта. За оваа намена општина Кочани од сопствениот буџет обезбеди 500 илјади денари, изјави Димитровски.
Тој истакна дека остануваат за реновирање и поставување нова урбана опрема детските игралишта кај спомен домот на АСНОМ и во рекреативниот центар Бавчалук каде што и уништувањето на опремата е најголемо.
Градоначалникот Димитровски и со апел до повозрасните граѓани на Кочани да не ја уништуваат опремата во детските игралишта во текот на ноќните часови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
