Ремонтирани два хеликоптера на АРМ

Првите два хеликоптера од составот на Воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија кои минатата година беа испратени на ремонт денеска беа ставени во функција на АРМ.
На свеченоста во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец министерот за одбрана Зоран Јолевски пред присутните единици порача одека ова се првите резултати од најавената модернизација на Армијата на Република Македонија во однос на Воздухопловната бригада.
- Овие хеликоптери се првите од предвидените десет кои ќе се ремонтираат во периодот од две години за кои Владата на Република Македонија одвои доволно финансиски средства. На почетокот на оваа есен и до крајот на годинава ќе имаме уште четири ремонтирани хеликоптери. Со овие преземени чекори на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, борбената готовност на Воздухопловната бригада ќе се зголеми, а со тоа ќе се овозможи АРМ уште подобро и посигурно да ја извршува својата функција, да биде гарант за територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, рече Јолевски.
Тој додаде дека заедно со ремонтот на хеликоптерите, истовремено на обука беа пратени и стручни лица кои се здобија со сертификати и кои во иднина ќе ги одржуваат овие воздухоплови.
Според командантот на Воздухопловната бригада, полковник Роберт Малезански овие зафати кои се случуваат во воздухопловната бригада ќе придонесат во извршувањето на мисијата и задачите на бригадата. Тој додаде дека овој започнат процес на ремонтирање на воздухопловите ја зголемува кредибилноста на АРМ како фактор на одвраќање закани по безбедноста на Република Македонија.
Процесот на ремонтирање на хеликоптерите е дел од процесот на модернизација на АРМ која започна со формирањето на интегрираните проектни тимови во ноември 2014 година.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
