Реконструкција на кинеската Влада

Кина денеска соопшти дека извршила реконструкцијa на Владата што е постапка на секои пет години, а годинава укажува на континуитет поради задржување на некои клучни функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Ванг Ји.
Ванг (64), кој е познат во странство затоа што се занимава со прашања како што се Северна Кореја и кинеско-американските односи, го задржува својот ресор, но во исто време е промовиран во државен советник. Со оваа функција, тој станува највисок функционер на надворешната политика во Владата.
Министер за одбрана е генералот Веи Фенге (64) кој е искусен војник од 2012 година.
Веи доаѓа на местото на генералот Чанг Ванкуан, кој си заминува поради старост.
Именувањата за кои одлучи врвот на Комунистичката партија денеска ги одобри Парламентот, кој до утре одржува годишна пленарна седница.
Премиерот Ли Кечијанг (62) кој е на фунцкија од 2013 година, веќе е потврден на функцијата речиси едногласно, еден ден откако Pарламентот го потврди Кси Џинпинг за претседател на државата.
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
