Реконструирана тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески“
Во период на стопирани спортски активности во државата, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје изврши генерално реконструирање на тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески“.
– Постапката е од исклучителна важност, особено ако се земе предвид дека е единствен стадион во државата кој исполнува услови за меѓународни натпревари, на него се играат и домашни натпревари, па со самото тоа Националната Арена е меѓу најексплоатираните стадиони по број на одржани настани, информираат од претпријатието.
Во рамки на генералното реконтруирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровот на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди, а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога .
Се очекува оваа комплетна реконструкција да донесе долгорочен позитивен ефект за формата, издржливоста и квалитетот на тревната површина.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
