Регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата – вкупно 114 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатото дено-ноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна - добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.
Ново на Сител
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
-

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
-

Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“
