Регистрирани 12 последователни земјотреси, по земјотресот од 5,1 степен на грчкиот остров Крит
Во текот на ноќта во јужниот дел на грчкиот остров Крит биле регистрирани 12 последователни земјотреси со јачина од 3 до 4,5 степени, по синоќешниот земјотрес од 5,1 степени, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас.
Лекас, кој заедно генералниот директор на Организацијата денеска се на Крит каде што одржуваат состаноци и ја следат ситуацијата, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека последователните земјотреси помагаат да се смири феноменот и истакнува дека нема простор за паника.
„Не можеме да правиме никакви предвидувања за тоа како ќе се одвива сеизмичката активност, но сепак сме во добра фаза. Но, граѓаните треба да знаат дека ова може да трае со денови, објаснува Лекас“ и додава дека не може да каже дали земјотресот од 5,1 степен бил главниот.
Превентивно, со одлука на градоначалникот на општината во која беше епицентарот на земјотресот, денеска беа затворени училиштата.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
