Регионална конференција за односи со јавност

Министерството за одбрана во соработка со Кралството Норвешка денеска организира регионална конференција за односи со јавноста.
На конференцијата ќе учествуваат претставници од Македонија, Норвешка, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Словенија, Косово и Црна Гора, како и од НАТО и Регионалниот центар за мировни операции (PSOTC) од Сараево, БиХ и Центарот за безбедносна соработка (RACVIAC) од Загреб, Хрватска.
Учесниците ќе разговараат за унапредување на соработката во областа на односите со јавноста, а акцент ќе биде ставен на регионалните потреби за обука и едукација во рамките на Регионалниот центар за односи со јавност во Скопје. Овој Центар е единствениот НАТО Партнерски центар за тренинг и едукација во Македонија, истовремено и единствениот НАТО Партнерски центар специјализиран исклучиво за обука од областа односи со јавност.
Конференцијата ќе ја отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
