Македонија
21. јуни 2022 - 10:18

Редовна седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи 54-тата редовна седница на која ќе разгледува повеќе точки меѓу кои и Предлог-законот за заштита на потрошувачите, како и Информација за потребата од изготвување на закон за нефер трговски практики, предложени од Министерството за економија.

Пред министрите, како што информираат од владината прес-служба, ќе се најде и Предлог-законот за изменување на Законот за извршување на санкции, изготвен од Министерството за правда.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.