Речиси завршен најголемиот радиотелескоп во светот

Кина конечно направи прв голем чекор кон ново набљудување на ѕвездите со поставување панели на најголемиот радиотелескоп во светот.
Телескопот почна да се гради во 2011 година и конечно поставувањето на чувствителни панели почна неодамна. Телескопот носи име Отворен сферичен 500-метарски телескоп или скратено FAST.
Составен од конструкција и 4.450 троаголни панели. Секоја е долга по околу 11 метри, а нивното поставување почна синоќа.
Телескопот е сместен во провинцијата Гуичо, во место изолирано од луѓе и објекти.
- Со негова помош ќе бараме интелегентен живот и потекло на нашата вселена, изјави Ву Чиангпинг директор на Кинеското астрономско друштво.
За споредба, најголемиот радиотелескоп на Земјата во опсерваторијата Сресибо е широк само 305 метри. Изградбата чини девет милиони евра додека FAST до крајот на работите ќе чини 100 милиони евра.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
