Реализација на владините ветувања
На половина од мандатот на Владата, спроведувањето на ветувањата покажува мешани резултати. Во економијата, исполнето е линеарното зголемување на пензиите, смирувањето на инфлацијата, намалувањето на невработеноста. Критични точки остануваат јавниот долг и буџетскиот дефицит, а се уште не е укината ниту фиксната давачка од 200 денари за пристап до мрежа во сметките за струја.
Во образованието решени се дел од акутните, повеќегодишни проблеми како што е навремената испорака на учебници, но стратешките и инфраструктурните ветувања заглавија во бавните бирократски процедури. Реформата во здравствениот систем, пак, се движи со различна брзина. Додека менаџерските кратења и итните кадровски решенија беа спроведени експресно, клучните структурни ветувања се соочуваат со сериозни административни и фискални кочници.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
