-->
-->
Реал убедлив на првиот дуел од Супер купот со Барселона
-->

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем исчекор кон освојувањето на шпанскиот Супер куп, откако синоќа славеа убедлива победа од 3:1 на гостувањето кај Барселона.
До предноста од два гола пред реваншот на свој терен, европскиот и шпански шампион дојде со головите на Пике (автогол), Кристијано Роналдо и Марко Асенсио. Погодокот за каталонскиот клуб беше дело на Лионел Меси од пенал.
Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а натпреварот го одбележа и исклучувањето на Роналдо по вториот жолт картон добиен во 82.минута за наводно симулирање за пенал. Првата опомена Португалецот ја доби две минути претходно поради соблекување на дресот при вториот гол на Реал.
Реваншот е закажан за в среда (16 август) со почеток во 23 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
