Реал нема да штеди за Мбапе

Шпанските весници marca и as кои секогаш имаат добри информации околу случувањата во Реал Мадрид, во своите изданија тврдат дека „кралскиот клуб“, во летниот преоден рок ќе го руши светскиот рекорд, односно за трансферот на 18-годишнот напаѓач на Монако, Мбапе да го платат најмалку 120 милиони евра.
Тинејџерот од Монако оваа сезона ја залуде Европа со своите брилијантни партии и ефикасни настапи. Тој на 32 натпревари сезонава има постигнато 19 голови, а особено е импресивен неговиот учинок во изминатите претходните 45 денови, кога постигна 11 голови на девет натпревари.
Вредноста на Transfermarkt, на младиот француски репрезентативец изнесува нешто повеќе од 10 милиони евра, но весниците тврдат дека пазарната сума е најмалку десет пати поголема, бидејќи интерес за Мбапе покажуваат најголемите европски тимови.
As пишува дека Монако веќе одбил една понуда од 110 милиони евра, што значи дека Реал ќе мора да понуди повеќе доколку сака да го реализира трансферот на 18-годишникот кого го споредуваат со Тиери Анри.
Според весникот во Реал се свесни дека ќе мора да понудат најмалку 120 милиони евра, од проста причина што интересот за Мбапе е голем, него го сакаат речиси сите англиски великани и француски ПСЖ.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
