Реал без повредените Алаба и Родриго во градското дерби
Европскиот фудбалски првак Реал Мадрид во саботното градско дерби против Атлетико ќе биде ослабен поради неиграњето на своите двајца стандардни првотимци, Давид Алаба и Родриго.
Обајцата се повредија во победата на гостински терен над Ливерпул (5-2) претходно оваа недела во првиот осминафинален натпревар во рамки на Лигата на шампиони.
Алаба поради повреда на мускулот го напушти теренот на „Енфилд Роуд“ во 27 минута и според шпанските медиуми австрискиот репрезентативец би можел да паузира еден месец.
Родриго поради проблеми со препоните беше заменет во финишот на дуелот против Ливерпул и ќе отсуствува од теренот во следните десет дена.
Дуелот меѓу Реал и Атлетико е на програмата в сабота од 18:30 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Реал е второпласиран во Ла Лига со 51 бодови, десет повеќе од Атлетико на четвртото место.
Лидер Барселона со 59 бодови.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните
-

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута
-

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска
-

Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез
-

Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
-

Средба Сиљановска Давкова - Мацут: Посебен осврт на претстојниот Самит Брдо-Бриони што во ноември ќе се одржи во Охрид
-

Мицкоски: Имаме намалување на државниот и на јавниот долг и зголемување на индустриското производство во јуни од 6,5 отсто
-

Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај
