Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев наведува дека тој се крунисал во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите.
- Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите, стои во соопштението. Заев, како што се наведува во соопштението, „тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил пет или шест милиони евра во времето додека ВМРО - ДПМНЕ е на власт“ и за него милион евра е незначителна разлика.
Заев тврди дека се залага за враќање на средната класа, а според истражувањата на медиумите, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, бизнисите на неговите фирми остваруваат приходи од 12 милиони евра.
- Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев сега го напаѓа Уставниот суд, а токму неговата сопартијка и сограѓанка Цветанка Иванова во 2009 година тврдеше дека противуставно било да се крателе ингеренциите на претседателот предвидени во Законот за помилување. Јавноста памети дека благодарение на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тогаш не одговараше за криминал тежок 8 милиони евра, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Заев зборува за слободни медиуми и слобода на говор, а, како што стои, „предлага законски решенија со кои се воспоставува цензура, инсталација на Сорос и СДСМ со цел да може да се пресметува со оние кои не размислуваат како него“.
Лидерот на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека недостасувала инфраструктура во општина Илинден, а заборава на пустелијата која зад себе ја остава во Струмица.
- Во Струмица од најавените 300 фабрики и 3000 работни места остана празната ливада во индустриската зона во Сачево. Од оваа општина Заеви си направиле приватна своина во која за секоја работа едно евро оди кај Вицето. Во Струмица Заев успеал да создаде еден механизам за исцицување на народните пари во џебовите на фамилијарните фирми по основ на тендери и јавни набавки. Овој систем на владеење во Струмица, граѓаните не сакаат да го видат во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Казната за ваквата деструктивна политика на СДСМ, стои во соопштението, пристигнува и ќе го стаса по десети јубилеен пат по ред.
Ново на Сител
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
