Разрешен албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи
Албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево објави дека го разрешува Бледи Чучи од функцијата министер за внатрешни работи. На негово место го предлага Тауланд Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група во албанскиот Законодавен дом. Во објава на Твитер, Рама напиша дека во понеделник официјално ќе ги достави предлозите до шефот на државата. – Му благодарам на министерот Бледи Чучи за неговата работа како и секогаш коректна и на оваа задача и посакувам новиот министер за внатрешни работи Таулант Бала да продолжи со нашите цврсти државотворни напори во секоја насока, напиша Рама.
Чучи на функцијата министер за внатрешни работи дојде во средината на декември 2020 година по оставката на Сандер Лешај, кој поднесе неотповиклива оставка поради убиството на 25 годишниот Клодијан Раша од страна на припадник на спацијалната полиција „Шќипоња”, по што следеа протести во Тирана и други градови во земјата. Според дел од медиумите, ќе има разрешување и на други високи полициски функционери по “зачестените тешки кривични дела меѓу кои и убиства и вмешаност на полициски службеници во дел од нив”.
Ново на Сител
-

Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје
-

Хирошима на годишнината од атомското бомбардирање повика на целосно укинување на нуклеарното оружје
-

САД планираат дополнителни 242 милиони долари помош за борба против еболата во Африка
-

ОН: Во јули во Украина регистриран најголем број цивилни жртви од април 2022 година
-

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 39 степени
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
