Размената во јануари 980,7 милиони евра, зголемени и извозот и увозот

Вкупната надворешна трговска размена на Македонија во јануари годинава е 980,7 милиони евра. Раст бележат и извозот и увозот.
Според Државниот завод за статистика, извозот изнесува 420.606.000 евра и бележи пораст од 27,9 отсто во однос на истиот период лани, а увозот достигнач 560.136.000 евра или 24,2 процента повеќе.
Трговскиот дефицит во јануари 2018 година е 139.529.000 евра, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 75,1 отсто.
Размена по производи покажува дека најманогу се извесуваат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и облека. Во увозот најмногу се застапени платина и нејзини легури, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатовалани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, како и други метали од платинската група и нивни легури.
Во јануари 2018 година, според вкупниот обем на размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
