Распишан конкурсот „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2016 година

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид по повод и во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ го распиша Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2016 година.
Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 20 октомври 2016 година. Тематската содржина на поемата со којашто се конкурира е од слободен карактер, но притоа не смее да биде помала од 912 стихови.
Конкурсот е анонимен, а за најдобрите три поеми предвидена е и парична награда.
За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од подрачјето на општина Охрид и Република Македонија.
Заинтересираните своите необјавени поеми треба да ги испратат во четири шифрирани примероци од авторските дела на адресата НУ - Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6.000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2016 година“.
Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот најдоцна до 20 ноември оваа година.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
