Фудбал
7. August 2015 - 8:26

Работнички го надигра Трабзон

Фудбалерите на Работнички ја минаа и третата пречка во квалификациите од Лигата Европа. Синоќа беше надигран Трабзон и македонскиот тим избори пласман во баражот од ова натпреварување. На реваношот во Турција Работнички отпатува со скопските 1:0.

Оваа предност Трабзон ја анулира во 55 минута преку Окај Јокушлу. Проблем за Работнички беше и исклучувањето на Душко Трајчевски во 65.минута, но избраниците на тренерот Игор Ангеловски не застанаа. Во финишот на дуелот имаа и неколку шанси. Сепак по 1:0 следуваа и продолженија.
Решавачкиот гол во 112.минута го постигна Кире Маркоски, кој ја казни невнимателноста на турскиот голман Онур. Инаку, голот Маркоски го постигна на асистенција на Милан Илиевски.
Денеска во 13 часот во Нион ќе биде извршена ждрепката за плеј оф дуелите.