Работилница за изработка на божикни ѕвезди

Во семејниот дом на Даниела Секуловска, која веќе неколку години изработува Божикни ѕвезди за децата што ги предводат бадниковите поворки, се организираше мини работилница во која се вклучија Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски.
Лоба, Лилиќ и Божиновски ќе бидат дел од годинашните бадникови поворки и заедно со уште многу познати личности од музиката, филмот, телевизијата, спортот и театарот ќе чекорот и пеат заедно со децата, и во тоа колективно радосно празнување ќе го наговестат Христовото раѓање.
Божикната ѕвезда освен за украсување на домот ќе им биде потребна на децата и за учество во бадниковите поворки кои традиционално и оваа година, на 6 јануари - Бадник, ќе се одржуваат низ улиците на Скопје и сите останати градови во Македонија. Божикната ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда која со необична светлина блескала и ја осветлувала пештерата во која се родил Исус Христос.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
