Путин се закани со „молскавичен одговор“ на каква било надворешна интервенција во војната

Рускиот претседател Владимир Путин вети „молскавичен одговор“ доколку некој сака да интервенира надвор од Украина и да претставува стратешка закана. Тој го истакна ова пред пратениците во Санкт Петербург, кои се собраа во палатата Таурид.
Според Путин, сите цели и задачи на „специјалната операција“, како што тој ја нарекува инвазијата, во Украина ќе бидат исполнети. Според него, руските противници не сакаат толку голема земја како Русија.
– Нашите војници и офицери спречија реална опасност над нашата земја, спречија конфликт од големи размери што би се одвивал на нашата територија во странско сценарио, смета тој.
Според Путин, „западните непријатели“ планирале економски да ја задушат Русија, но тоа не успеало. А пред тоа, западните земји ги охрабруваа сепаратистите на Кавказ. Ним не им треба независна држава, со самото постоење Русија им е закана. Сепак, заканата се тие самите, рече Путин и додаде дека се сеќава на „варварските планови“ на фашистите за советскиот народ.
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
