Путин размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку тоа го направат и САД

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку САД го сторат истото, по изјавата на неговиот американски колега, Доналд Трамп кој му нареди на Пентагон да почне со тестирање на американското нуклеарно оружје.
За време на состанокот на Советот за безбедност, Путин им нареди на надлежните тела „да сторат сè што е можно за да соберат дополнителни информации за ова прашање и да презентираат координирани предлози за можен почеток на подготвителни работи за нуклеарни тестови“, пренесоа локалните медиуми.
Рускиот претседател ги нарече изјавите на Трамп „сериозни“.
Трамп рече дека САД „ќе спроведат проби бидејќи другите спроведуваат тестови“, додека остана нејасен околу тестовите на детонации на нуклеарни боеви глави, кои САД не ги спровеле од 1992 година.
Последната нуклеарна проба на Москва била во 1990 година, непосредно пред распадот на СССР.
Сепак, Русија редовно тестира системи за испорака на оружје кое не е од нуклеарно потекло, вклучувајќи го неодамна испробаниот подводен дрон Посејдон и ракетата Буревестник.
Путин рече дека Русија отсекогаш строго ги почитувала своите обврски според Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестирања.
Тој додаде дека ако САД или другите држави потписнички на Договорот спроведат такви тестирања, Русија ќе биде принудена да преземе соодветни контра мерки.
Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, оцени дека е соодветно веднаш да се почне со подготовки за големи нуклеарни тестови, наведувајќи го архипелагот Нова Земја на Арктикот како потенцијален полигон за тестирање.
Според него, американските планови во голема мера го зголемуваат степенот на воена закана за Русија.
Шефот на руската Надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, рече дека руските дипломати побарале од своите американски колеги да ја разјаснат содржината на медиумските изјави на претседателот Трамп во врска со нуклеарните прашања.
МИА
Ново на Сител
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
-

Научници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
-

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
-

Вардар 1961 по 18. пат го освои трофејот во Купот на Македонија
