Путин повика за подобрување на заемната соработка меѓу тајните служби од различни држави

Терористичката дејност на Блискиот исток и Северна Африка се засилува, што налага да се подобри заемната соработка меѓу тајните служби од различни држави.
Тоа се наведува во порака на рускиот претседател Владимир Путин до учесниците на состанокот што започна денеска во Моксва на шефови на безбедносни служби и разузнавачи од Заедницата на независни држави (ЗНД), прочитана од директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников, јави ТАСС.
- Геополитичката ситуација, која се формира во светот, ја диктира потребата да бараме нови ефикасни начини да реагираме на денешните предизвици и закани, наведува рускиот лидер.
Тој го истакнува „спојувањето на радикалните групи со транснационалниот организиран криминал“, како една од особено опасните тенденции на денешницата и изразува сериозна загриженост од ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка.
Ново на Сител
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
-

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
-

МЗ: Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
-

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиуми
-

Иран го негира тврдењето на Трамп дека ураниумот ќе биде префрлен во САД
-

Американската војска потврди дека и ги предаде главните бази во Сирија на владата во Дамаск
