Путин на рускиот Совет за безбедност: Киев секој ден губи дел од својата територија, затоа се одлучи за тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина секојдневно губи дел од територијата „во зоната на специјалната воена операција“ и, според него, поради тоа „се насочила кон терористички методи“.
Како што пренесуваат руските медиуми, на седницата на Советот за безбедност на Русија, посветена на подготовките за изборите за Државната дума, Путин оценил дека властите во Киев и нивните сојузници преминале на, како што рече, „отворен тероризам“, при што расте ризикот од закани на територијата на Русија.
„Причините се очигледни – противникот не е во состојба да го запре напредувањето на нашите сили долж линијата на контакт“, изјави Путин.
Тој додаде дека Украина, според руската страна, сè почесто изведува напади со беспилотни летала врз цивилна инфраструктура.
Во пресрет на есенските избори за Думата, рускиот претседател нареди да се спречат сите можни провокации, вклучително и оние што би можеле да дојдат од странство.
Путин исто така изјави дека Украина „не одржува избори“ и ќе се обиде да ги попречи изборните процеси во Донбас. Според него, жителите на Донбас, кои Москва ги смета за дел од Русија, годинава за првпат ќе избираат пратеници на федерално ниво.
Се очекува гласањето за Државната дума да се одржи на 20 септември.
МИА
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
