Пункт на ИМП отворен во Поликлиниката во Ѓорче Петров

Пункт на Итната медицинска помош е отворен денеска во Поликлиниката во Ѓорче Петров.
Пунтот денеска го посети министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека тој ќе го покрива регионот на општина Ѓорче Петров и околните населени места.
- Со отворањето на овој пункт идејата е да го намалиме времето на чекање на Итната медицинска помош која ќе дава услуги не само тука во населбата Ѓорче Петров, туку и во сите други населени места, особено руралните места кои гравитираат кон населбата, односно кои се во рамки на оваа општина, со што очекуваме сериозно да се намали времето на интервенција, односно времето до интервенција или времето на реализација на повик, рече Тодоров.
Итната медицинска помош, посочи, ќе работи во три смени – прва, втора и трета смена, односно ќе има 24 часовна покриеност и очекуваме со оваа најнова мерка која ја преземаме заедно со Здравствен дом Скопје дополнително да ја доближиме услугата до граѓаните.
- Инаку, во Ѓорче Петров неодамна пред 10-ина дена се отвори уште еден специјалистички кабинет, петти по ред, за дерматовенерологија со што овозможуваме и оваа услуга да биде сериозно доближена до жителите на општината Горче Петров, посочи Тодоров.
Здравствениот дом Скопје, нагласи, се повеќе се развива и се повеќе претставува т.н. чувар на портите на секундарното и терцијарното здравство, имајќи предвид дека дури 90 проценти од пациентите кои се дојдени во Здравствен дом Скопје и се упатени од матичните лекари, се згрижени комплетно и завршени се сите медицински процедури.
Тоа, посочи, значи дека во просек само 10 проценти од пациентите се препратени на натамошни прегледи на повисоко ниво на здравствена заштита. Според него, тоа сериозно помага на системот, не само што ја доближува услугата до граѓаните, туку и превенира тие да не одат на повисоко ниво, да губат дополнително време, средства итн., но заштедува и средства на целиот здравствен систем.
- Дополнително планираме во Здравствен дом Скопје да почнеме една нова процедура, а тоа е ЕМГ (дијагностичка процедура од областа не неврологија). Веќе набавките за овој апарат се при крај и очекуваме во текот на ноември да се започне со давањето и на оваа услуга во Здравствен дом Скопје и тоа токму во оваа Поликлиника имајќи предвид дека неврологот, кој е примен веќе беше на едукација за ЕМГ во Словенија, рече Тодоров и најави отворање компјутерска томографија во следните две до три недели, со што првпат во историјата Здравствен дом Скопје ќе отпочне и со оваа дијагностика.
Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ рече дека ќе почнат со еден тим и ќе ги следат резултатите.
- Со овој шести пункт кој е на дистална точка од градот значително ќе биде забрзана реакција, одговорот на повикот на Итната медицинска помош бидејќи досега Букурешт беше последната порта за овој дел од градот. Имаме рурални населени места каде значително побрзо ќе може да се стигнува кога екипата ќе тргне од тука, додаде Баевска Вучковиќ.
Ново на Сител
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието
