-->
-->
Пукање кај граничниот премин во Дебар
-->
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ вчера во 20:30 часот кај гробиштата во село Спас, дебарско, забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.
Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата.
Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија.
Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
