Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар
![]()
Библиотеката „Ал-Би“ од демирхисарското село Бабино промовира „Водич низ културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар“.
Станува збор за публикација, поддржана од Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, со која се овозможува секој читател, посетител и турист да се запознае со како што вели издавачот Стево Степановски, со уникатната и недопрена убавина и да вкуси од демирхисарски специјалитети.
– Публикацијата е лесно читлива, во 40 страници на кои доминираат фотографии од селата Бабино, Слоештица, Смилево, Вирово, Жван, Железнец… манастирот во Слепче, цркви во демирхисарско и други објекти. Но, во публикацијата читателот може да прочита и за стариот даб кој се наоѓа во непосредна близина на манастирот Св. Петка, за изворите на Црна Река, потоа за валавиците по течението на Бела Река и други реткости, истакна Степановски.
Во „Водичот“ посебен дел е посветен на кулинарските богатства во демирхисарско и публикувани се рецепти за подготовка на Бакрданик, Ѓомлезе, Кашаник, Свирипиле, Макало со грав и суви пиперки и друга како што нагласи Степановски, вкусна храна позната за демирхисарското поднебје.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
