Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија

Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим.
Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри.
Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија.
Ова ќе биде 16. пат во историјата Џиро да почне во странство.
„Тоа е модерно Џиро со пократки, но потешки етапи“, истакна долгогодишниот директор на Џиро, Мауро Вењи, кој ќе се пензионира во февруари на 66-годишна возраст откако по 31 пат ја дизајнираше рутата на престижната трка.
Оваа година победи Британецот Сајмон Јејтс, а рекордери се Италијанците Алфредо Бинда и Фаусто Копи, како и Белгиецот Еди Меркс со по пет титули.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
